Search
Лазаров со Нант против Барселона
Европската ракометна федерација со ждрепка ги одреди полуфиналните двојки за завршниот турнир во Лигата на шампионите. Завршниот турнир и оваа година ќе се игра во „Ланксес арената“ во Келн. Единствениот репрезент на македонскиот ракомет, селекторот Кирил Лазаров, со Нант во полуфиналето ќе игра против Барселона. Во второто полуфинале, ПСЖ, предводен од поранешниот тренер на Вардар и Македонија, Раул Гонзалес, ќе игра против Алборг. Завршниот турни ќе се игра на 12 и 13 јуни.
Comments