top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лазаров седми пат ќе настапи на фајналфор-турнирот

РАКОМЕТ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Kапитенот и селектор на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, запиша уште еден рекорд на својата листа ракометни достигнувања во европски и светски рамки. По своето рекордно 18-то четврт-финале во Лигата на шампионите (ЛШ), десниот бек на француски Нант седми пат ќе биде дел од фајналфор-турнирот во ЛШ (12 и 13 јуни во Келн), а деветти пат ќе игра во полуфиналето на ЛШ (формат со фајналфор се игра од пред 11 сезони), откако Нант го победи Веспрем во четврт-финалето, со вкупен резултат 62-60. Во првиот меч Нант дома победи со 32-28, а во реваншот Веспрем победи со 32-30. Лазаров со 1.479 гола е рекордер и според бројот на погодоци во елитното клупско натпреварување во Европа. На турнирот во Келн, Лазаров досега трипати играше во дресот на Барселона и по еднаш за Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и за Нант. Во сезоната 2014/2015 тој стана европски првак со Барселона. Со победа над белорускиот Мешков, со 40-28, шпанскиот гигант Барселона ја комплетира четворката што ќе игра за титулата европски првак. Откако ЛШ се игра со формат со фајналфор, за Барселона ова ќе биде деветта борба за титулата европски првак, од кои во претходните осум, двапати го крена победничкиот пехар (во 2011 и во 2015 година). Барселона е најтрофејна во ЛШ, со девет титули европски првак. Францускиот ПСЖ ќе го игра петтиот фајналфор-турнир, а на претходните четири најдобар пласман му е второто место во 2017 година. За Нант ова ќе биде втор фајналфор, по сезоната 2017/2018 кога играше во финалето. Алборг е дебитант во полуфиналето, а најдобар пласман досега на данскиот клуб во ЛШ се осминафиналињата во 2014 и во 2015 година. Ждрепката на полуфиналните двојки е закажана за вторник.

Барселона победи во сите 18 меча и има просек од 36,3 гола по меч

И по четвртфиналните дуели во ракометната Лига на шампионите, сезонава Барселона го задржа високиот просек на ефикасност на нападот, кој бележи ефект од 36,3 гола по меч. Крилата на Барселона, Улрих Мортенсен со седум и Алекс Гомез со шест беа најефикасни на 11-члената листа на стрелци на Барселона во победата во реваншот од четврт-финалето со Мешков (40-28). Барселона сезонава победи во сите 18 меча досега.


2 views

Comentarios


bottom of page