Кјелини го посочи неговиот најважен ривал во кариерата и нагласи: Јас не сум како Ван Дајк и Рамос!
04.02.2021 februari cetvrtok
Џорџо Кјелини ја надмина тешката повреда на коленото и тоа само докажува за каков карактер станува збор, па со оглед на тоа што капитенот на Јувентус се наоѓа во последните години од својата кариера, се обиде да нагласи кои негови играчки квалитети направиле да ги надокнади техничките недостатоци.
Самиот Кјелини е свесен дека тој не поседува предиспозиции и квалитет како Вирџил Ван Дајк и Серхио Рамос, но затоа упорноста и желбата да се остави последниот атом од силата на теренот се особини кои го красат од почетокот на кариерата, а воедно и направија да биде почитуван од цела спортска јавност.
– Јас сум презадоволен од себе кога добивам дуел, кога блокирам опасен шут кој оди кон голот, адреналинот ми достигнува максимум. Комплетно е различно од кога постигнувате гол, за мене поголеми се емоциите кога блокирам опасен шут. Голот кој го постигнав против Барселона во четвртфиналето во Лигата на шампионите, мене ми донесе помала сатисфакција од блокот кој го имав по ударот на Хари Кејн против Тотенхем во 89-та минута.
– Јас сум сличен со Барѕалји, голем работник. Ние сме нормални играчи кои ги црпат квалитетите со трудот. Не ме сфаќајте погрешно, Андреа беше фантастичен дефанзивец, но јас и он не ги поседуваме квалитетите на Ван Дајк и Рамос, – објаснува Кјелини во интервјуто за „Соу Фут“ и додава дека дуелите со Златан го направиле подобар дефанзивец.
– Потребно ми е силно ривалство за да го извадам најдоброто од себе. Поради тоа, многу го почитувам Златан, двајцата се почитуваме меѓусебно. Бевме соиграчи во мојата прва сезона во Јувнетус, никогаш не се плашев да се соочам со него, никогаш не направив чекор назад. Потоа, тој стана мој апсолутен непријател кога потоа играше за Интер, а и за Милан, – нагласи Кјелини.
Comentários