КупиКнига.мк: Најпродавана книга за 2020 – „Принцезата Султана: неисплачени солзи“ од Џин Сасон
01.1.2021 Јануари Петок
Најпродавана книга во 2020 година на порталот за електронска трговија со книги КупиКнига.мк била „Принцезата Султана: неисплачени солзи“ од Џин Сасон.
Овој портал објави листата на 20 најпродавани книги за минатата година. Покрај „Принцезата Султана: неисплачени солзи“ на Џин Сасон на оваа листа во 2020 година најпродавани книги се и: „Апартман во Париз“ – Гијом Мисо, „Девојката од Бруклин“ – Гијом Мисо, „Е, баш ме заболе“ – Марк Менсон, „Тајната на Алексови“ – Наде Стојилковиќ, „Бедни луѓе“ – Фјодор М. Достоевски, „Лесен начин да ставите крај на пушењето“ – Ален Кар, „Богат татко, сиромашен татко“ – Роберт Киосаки, „Ќерката на дрвосечачот“ – Наде Стојилковиќ, „Тошо Малерот: монологија“ – Васко Тодоров, „Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината“ – Александар Алексов, „Ако не постои утре“ – Гијом Мисо, „Станарката на замокот Вајлдфел“ – Ен Бронте, „Девојката и ноќта“ – Гијом Мисо, „Пациентот“– Себастијан Фицек, „Моќта на потсвеста“ – Џозеф Марфи, „Медитации“– Марк Аврелиј, „Какви што ти се мислите таков ти е животот“ – Џејмс Ален, „Ноќ и ден“ – Вирџинија Вулф и „Бруклин“ – Колм Тојби.
„Моменталната понуда на КупиКнига.мк брои над 60.000 изданија на македонски, српски, англиски и албански јазик од најразлични жанрови“, посочуваат од порталот.
Commentaires