top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Крупни промени во Формула 1 уште од оваа сезона: Нов вид на квалификации, пилотите ќе добиваат и бод

Светскиот совет за моторспорт на ФИА ги изгласа промените во правилата за Формула 1 кои ќе донесат три пробни спринт трки оваа сезона, а во пакет со нив и три поинакви „квалификацции“.

Разговорите за новиот формат на гран при викендите се стара тема, но ова се први конкрентни предлози за подобрување на целото шоу, од што најголем бенефит треба да имаат гледачите на трибините.

Наместо повеќе тренинзи, сега возачите ќе имаатедна тренинг сесија од 60 минути во петок, а веднаш потоа квалификации какви што имаше и до сега. Тие квалификации го обезбедуваат стартниот поредок во саботната трка на 100 километри (а пред неа ќе има дополнителен тренинг од 60 мин).

Де факто, саботната трка иако е трка на 100 километри, ќе има третман на квалификации и за неа нема да се доделуваат трофеи. Пласманот на саботната спринт трка, ќе ги определи позициите на стартот од трката во недела која останува главна трка и ќе се именува како „Голема награда“.

Пилотите кои ќе ги освојат првите три места во „спринт квалификациите“ ќе бидат наградени со поени, така што првиот би добил три поени, вториот би добил два поени, а третиот би добил еден поен.

Оваа одлука е донесена откако трите клучни страни ФИА, Форумла 1 и сите десет тимови постигнале договор да се примени ваквиот формат на квалификации на три трки оваа сезона и тоа на две европски трки и една неевропска трка. Се очекува тоа да бидат трките на Силверстоун, Монца и Интерлагос, но бразилското гран при е во вториот дел од календарот и се уште не е потврдено за оваа сезона (лани беше откажано).

Овој нов формат се очекува да донесе многу поголеми возбудувања во квалификациските циклуси ден пред трките.


2 views

Comments


bottom of page