top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Крихмаер трет скијач со две злата во најбрзите дисциплини на едно СП

15.02.2021 februari ponedelnik

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КОРТИНА Д’АМПЕЦО

Австриецот Винсент Крихмаер го освои златниот медал во спуст на Светското првенство (СП) во алпско скијање во Кортина д’Ампецо. Зад Кирхмаер, кој претходно стана светски првак и во супервелеслалом, како втор со заостанување од само една стотинка, со сребрен медал, се закити Германецот Андреас Сандер. Третото место и бронзениот медал ги освои Швајцарецот Беат Фојц. Крихмаер стана првиот светски шампион во спуст од Австрија по 18 години и Михаел Валхофер, кому му успеа тоа на СП во 2003 година во Сент Мориц. Тој е третиот скијач, по сонародникот Херман Маер (СП 1999, Вејл) и Американецот Боде Милер (СП 2005, Бормио), што победува во најбрзите дисциплини на едно СП. Крихмаер на минатото СП 2019 во Оре освои сребро во супервелеслалом и бронза во спуст. Во женскиот спуст, златниот медал ѝ припадна на Швајцарката Корин Зутер, која е првата скијачка од Швајцарија што освојува злато во спуст по 32-годишна пауза и Марија Вализер во 1989 година. – Почнав со сребрен медал во супервелеслалом, сега освоив и златен, ова е неверојатно за мене. Напорната работа минатите години даде плод – изјави пресреќната Зутер, која има уште два медала од СП 2019 во Оре, сребро во спуст и бронза во велеслалом. Денеска на програмата на СП се трките во алпска комбинација во машка и во женска конкуренција.


2 views

Comments


bottom of page