top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кристин Дејвис се придружи на тимот на нова хумористична серија

Актерката од „Сексот и градот“, Кристин Дејвис, која се враќа за претстојниот рестарт на хит-серијата на Ејч-би-о макс, влезе во нов проект на стриминг-патформата. 56-годишната актерка го стави својот потпис за да глуми во Deeds, нова серија мрачна комедија за стриминг-услугата Ворнер-медија, објави порталот „Дедлајн“. Проектот потекнува од продуцентската куќа на Елен Помпео, „Каламити Џејн“, а Дејвис исто така треба да биде и извршен продуцент. Проектот ја следи очајната агентка (Дејвис) која чекори по сè помрачна патека кога е принудена да се здружи со млада двојка социопати, зависници од дрога.



1 view

Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page