Кралицата испрати приватна порака со сочувство по смртта на сер Том Мур
03.02.2021 februari sreda 100-годишниот воен ветеран, кого кралицата го прогласи за витез минатото лето, почина во болница од коронавирус. Капетанот сер Том Мур ги освои срцата на своите сонародници кога собра приближно 33 милиони фунти во добротворни цели за да му помогне на британското здравство во борбата против коронавирусот. На 2 февруари „Би-би-си њуз“ објави дека ветеранот бил пренесен во болницата „Бедфорд“ во неделата откога минатата недела бил позитивен на тестот на Ковид-19. Тој не ја примил вакцината против Ковид-19 поради терапијата што ја примал за пневмонија. Членовите на кралското семејство беа меѓу оние што му оддадоа почит со објави на своите канали на социјалните мрежи најавувајќи: „Кралицата испраќа приватна порака со сочувство до семејството на капетанот сер Том Мур. Нејзиното височество уживаше во средбата со капетанот сер Том и неговото семејство минатата година во Виндзор. Нејзините мисли и мислите на кралското семејство се со нив“.
Comments