Концерт со музички ѕвезди ја обележа инаугурацијата на Џо Бајден
21.01.2021 ЈАНУАРИ ЧЕТВРТОК Ѕвезден концерт го означи почетокот на претседателството на Џозеф Бајден со настапи на Брус Спрингстин, „Фу фајтерс“, Кети Пери, Деми Ловато, Бон Џови и други. Темата на концертот не беше прослава, туку единство, со оддавање почит на работниците во првата линија на фронтот, кои го понесеа најголемиот товар на ковид-пандемијата. „Овој ден е сведок на трајноста на нашиот американски идеал“, рече Том Хенкс, кој беше домаќин на шоуто. Брус Спрингстин го почна настанот со песната Land Of Hope and Dreams. Стоејќи на скалите на меморијалниот центар „Линколн“ во Вашингтон, текстот на песната, првпат изведена во 1999 година, ги рефлектира аспирациите на новата администрација. „Остави ги зад себе твоите таги… нека овој ден биде последен“, запеа ѕвездата. „Утре ќе има сонце… и сета оваа темнина ќе биде минато“.
Comments