Концерт на Филхамонијата посветен на Гоце Делчев
Филхармонијата ќе ја одбележи годишината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев со концерт в четврток, 6 мај.
На програмата ќе бидат дела од Григ, Хендл, Маскањи, Моцарт, Сибелиус, Вагнер, Офенбах и Бизе, а како солистки ќе настапат Илина Митревска и Десислава Тодорова.
Диригент е Христо Христов од Бугарија, кој досега имал четири настапи со оркестарот на Филхармонијата, последниот пат за истиот повод пред две години.
Христов дипломирал на бугарската национална музичка академија и се дообразувал по оркестарско диригирање кај проф. Карл Остерајхер (Австрија), проф. Курт Зандерлинг (Германија) и проф.Илја Мусин (Русија).
Лауреат е на меѓународните конкурси за диригенти: „Јехуди Менухин“ – 1989, „Прашка пролет“ – 1990, „Игор Стравински“ – 1991 година.
Член е на повеќе интернационални жирија, а од 2021 година е претседател на Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар, која го носи името на неговиот предок – Гоце Делчев.
Извор: МИА
Comments