top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Клери стана најстариот скијач на победничкиот трон во СК

27.01.2021 januari sreda

Австриецот Винсент Крихмаер ја забележа првата победа во кариерата на легендарната патека во Кицбил, во трката во супервелеслалом во рамките на Светскиот куп (СК) во алпско скијање. Зад Крихмаер, светскиот вицепрвак во оваа дисциплина, за кого ова беше прв триумф сезонава, вкупно шести, на втората и на третата позиција се пласираа Швајцарецот Марко Одермат и олимпискиот шампион, Австриецот Матијас Маер.

На вториот спуст во Кицбил на второто место, зад Швајцарецот Беат Фојц, беше Французинот Јохан Клери, кој е првиот 40-годишник што се искачува на победничкиот трон во СК. Тој и претходно ги држеше рекордите за највозрасен скијач со пласмани меѓу првите тројца, во 2019 и во 2020 година. Тој е и најстариот освојувач на медал, сребрен, на Светско првенство (СП) во 2019-та. Во јануари 2013 година Клари стана првиот скијач што постигнал брзина од над 160 км/час на трка од СК во Венген, Швајцарија.

Најстар освојувач на олимписки медал, бронзен, во алпско скијање, на 36 години, е Американецот Боде Милер, во супервелеслалом на Зимските олимписки игри во 2014 година.


5 views

Comments


bottom of page