Search
Ким Кардашијан сподели нов семеен портрет без Канје
- Aleksandar Santovski
- Jun 9, 2021
- 1 min read
09.06.2021 Juni Sreda
Ким Кардашијан Вест на својот инстаграм-профил сподели нова црно-бела фотографија семеен портрет без нејзиниот сопруг Канје Вест. На фотографијата, дел од професионална фотосесија на ѕвездата на Keeping Up with the Kardashians, таа позира со своите четири деца. Ким може да се види како го држи синот Псалм, кој е роден во мај 2019 година, седумгодишната Норт, тригодишната Чикаго и петгодишната Сеинт. Објавата ја наслови: „Детска љубов“. Извори блиски до Ким и раперот открија дека иако се разведуваат, нивниот меѓусебен однос е многу добар.

Comments