Победата над Германија со 2-1 во Дуизбург, во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2022 година, во Катар, е најголемата победа досега во фудбалската историја на Македонија забележана против трофејни репрезентации. Германија е четирикратен светски и трикратен европски првак.Во такви дуели против трофејни селекции, досега најголеми резултати на македонската фудбалска репрезентација беа ремијата со неколку од најголемите светски репрезентации. Така, Македонија на средбите со Англија (некогашен светски првак) има две ремија, 2-2 и 0-0, двете на гости, потоа со Холандија (поранешен европски шампион) ремизира 2-2 дома и 0-0 на гости во ист квалификациски циклус, а со Италија (четирикратен светски и еднаш европски првак) одигра 1-1 на гости. На сите овие мечеви настапи Горан Пандев, а голови постигна на средбите против Холандија и против Германија.Првото големо реми Македонија го оствари со Данска, тогаш актуелен европски првак, 1-1, во 1994 година, во Скопје, во првиот официјален меч на Македонија, во квалификациите за пласман на Европското првенство во 1996 година.
Comments