Интер и Ливепул фаворити на букмејкерите во градските дербија викендов
19.02.2021 februari petok
Обложувалниците очекуваат победи на Ливерпул и Манчестер Сити на дерби натпреварите кои викендов ќе се одиграат во англиската Премиер лига, додека Интер е фаворит во градското дерби против Милан.
Премиер лигата ќе донесе неколку интересни натпревари, а Ливерпул може да ја прекине серијата од три порази по ред на дуелот со градскиот ривал Евертон.
„Црвените“ не се навикнати на толку неуспеси во серија, па затоа избраниците на Јирген Клоп се фаворити на оваа средба, а коефициентот за победа на Ливерпул е 1.48.
Во слична ситуација кога се зборува за коефициентите е Манчестер Сити, кој ќе брка победа на гостувањето кај Арсенал.
Победата на Сити се вреднува со коефициент 1.51, а премиерлигашката традиција не е многу наклонета кон Арсенал, кој нема победа над овој противник во првенството од 2015 година.
Најголем фаворит ова коло во Премиер лигата е Манчестер Јунајтед, на кого се добива коефициент 1.29 за триумф над Њукасл.
Во Италија вниманието го привлекува градското дерби Милан-Интер, кое по долго време значи и соочување на двете најдобро пласирани екипи во Серија А.
Сепак, последните резултати му даваат предност на Интер, кој не само што немаше обврски во Европа, туку го дочекува ова дерби и во подобра форма. Оние кои веруваат дека тимот на Конте ќе се одлепи на првото место можат и добро да профитираат од победата на Интер, бидејќи за ваквата опција се добива коефициент 2.04.
Интер има и дополнителен мотив за победа, бидејќи загуби од истиот противник во првиот дел од шампионатот.
Како мало дерби може да се смета мечот Аталанта-Наполи, кој се игра во недела од 18 часот, а на кој домаќините се фаворити со коефициент 1.80. По незгодниот пораз од Наполи, Јувентус ќе брка враќање на победите против Кротоне, а какви се шансите на домаќините покажува и квотата 1.16 за тип 1.
Атлетико Мадрид ретко греши вторпат по ред сезонава, а за само неколку дена игра повторно против Леванте. Тимот на нашиот Барди избори реми на домашен терен, но сега гостува во Мадрид, а коефициентот за победа на актуелниот шпански лидер е 1.54.
Реал Мадрид е фаворит на хартија против Валјадолид, коефициентот за победа на гостите е 1.61, но многуте отствува во редовите на „кралскиот клуб“ може да биде мотив за многумина да бркаат изненадување на оваа средба.
Ако им се верува на обложувалниците, Барселона треба лесно да го совлада Кадиз, бидејќи за победа на домаќините е одреден коефиециент 1.16.
Comments