top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Има 100 години и сѐ уште скија

Клаус Обермајер виде како светот драстично се менува во минатиот век. Но тој остана ист. Основачот на „Спорт Обермајер“ го прослави својот 100-ти роденден и влегува во трите бројки со сила на човек на половина од неговата возраст. Тој сè уште оди во канцеларија, во вежбалница, скија колку што може и секогаш е расположен за нови предизвици. – Првите сто години се зад мене. Сега е на ред следниот век – вели Обермајер. По Втората светска војна, Обермајер се преселил во Соединетите Американски Држави од својот дом во Германија, барајќи работа за градење авиони како аеронаутички инженер. – Немаше повеќе бомбардирање, така што не им требаа повеќе авиони – вели Обермајер. Но му се отворила можност да работи во скијачка индустрија, бидејќи одморалишта со еден лифт почнале да се појавуваат низ сите делови на Соединетите Американски Држави кон крајот на триесеттите и раните четириесетти години од минатиот век. Во 1947 година, Обермајер и еден пријател од Европа почнале да управуваат со скијачкото училиште во сосема ново одморалиште во депресивниот рударски град Аспен, Колорадо. – Тогаш тоа беше град на духови. Имаше некои луѓе што живееја тука, но многу куќи беа напуштени откако пропадна пазарот за вадење сребро. Но почна да паѓа снег. Никогаш не сум видел снег што е толку убав и толку сув. Тој беше вистинска пудра и многу лесен за скијање – вели Обермајер.

Обермајер предавал скијање на планината Аспен дванаесет години. Брзо забележал дека опремата што ја носат луѓето не одговара на условите на планината, бидејќи облеката специфична за скијање не била широкодостапна во САД во тоа време. – Луѓето скијаа во јакни и обични кошули. Можеби имаа џемпер. Се качуваа на лифтот носејќи долги градски палта да се стоплат. Беше студено, а на луѓето им беше непријатно – раскажува Обермајер. Тој се нафатил да го реши проблемот, учејќи ги луѓето да скијаат прекуден и правејќи топла облека за своите клиенти ноќе. Ќебето што му го испратила неговата мајка во Соединетите Американски Држави го претворил во скијачко палто, а „Спорт Обермајер“ го основал во 1947 година. Во следните 70 години, Обермајер продолжил да продава облека. Наскоро тој стигнал на врвот, произведувајќи рани верзии на производи што ќе станат основни во скијањето, како дводелни чизми со посебна постава и надворешна обвивка, очила за сонце и растегливи скијачки панталони. Додека Обермајер ја развивал својата компанија како лидер во индустријата, тој никогаш не ја изгубил љубовта кон скијањето. Тоа е страст што Обермајер ја имал од дете. Го направил својот прв сет на скии од табли извадени од гајба. Две години подоцна, добил вистински пар за Божиќ. – Тие скии ми дадоа многу слобода. Ме извадија надвор кога повеќето луѓе седеа пред нивните печки и се обидуваа да се стоплат – вели тој. Повеќе од 90 години подоцна, кога условите се соодветни, ќе го најдете стогодишникот на Батермилк во Аспен.

– Скијањето е полесно отколку одењето. Можете да скијате каде и да имате планина на која има снег, во Норвешка, во Швајцарија или во Колорадо. Може да се лизгате на снегот, да се движите многу брзо и да ги почувствувате оние чувства на нулта гравитација кога скокате. На крајот завршувате на дното на планината со насмевка на лицето – објаснува Обермајер. За да остане во форма за падините, се обидува да внимава на внесот на калории и се држи до строг режим на вежбање, пливајќи секој ден наутро еден час, а работи на кардио во вежбалница. – Треба да продолжите да вежбате, без разлика на годините. Вашето здравје треба да ви биде приоритет број еден, потоа бракот, а потоа и работата. Понекогаш редоследот на важноста се менува, но вашето здравје е најважно.

Вашето тело го носи вашиот мозок. Ако вашето тело е здраво, тогаш и вашиот мозок има шанса да биде здрав. Тој, исто така, вежба аикидо, боречка вештина што ги користи движењата и силата на противникот против нив. Тој вели дека лекциите од аикидо се пренесени на планина и на неговиот секојдневен живот. – Тоа е речиси како религија. Тоа е поинаков начин да се разгледаат проблемите. Секој проблем е можност да научите нешто ново. Тоа е начинот на кој се обидувам да гледам на животот. Учите да ги сакате проблемите. Спортот го прави животот сладок. Ве одржува во добра форма, се чувствувате добро со вашето тело и вашиот дух и уживате во животот, па поради тоа е лесно да се гледа позитивно на работите – вели Обермајер.



2 views

Comentarios


bottom of page