top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложбата „Women about women“ во „Мала станица“

„Women about women“ е насловот на изложбата која посетителите можат да ја погледнат до 30 мај во „Мала станица“ во Скопје.

„Изложбата е вовед во двегодишно истражување на практиките и териториите на уметниците на Западен Балкан. Обединува дваесет и пет визуелни уметници од Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Македонија“, посочуваат од Националната галерија.

Учесници од Македонија се: Христина Зафировска, со „Women“, објект од 2014; Шќипе Мехмети, со Молк, комбинирана техника од 2018; Марија Милошевска, со „Ad Infinitum“, фотографија од 2020; Тања Балаќ, со „Memorabilia“, видео од 2019 и Ана Лазаревска, со „Која си ти“, објект од 2020 година.

„До сега, во период од 10 јануари, изложбата ги има посетено Белград, Подгорица, Самобор, Ајдовчина за да стигне до Скопје каде што до 30 мај, може да се погледнете во објектот ‘Мала станица’“, додаваат од Националната галерија,.

Оваа изложба е дел од проектот „The Rise of women in culture in Western Balkan”, кој е поддржан од Европската Унија и се спроведува од Fenomena (Србија), Spes (Црна Гора), BeoArt Contemporary (Србија), Udruga Prizma(Хрватска), Сенсус (Македонија) и Локаријева галерија (Словенија).


0 views

Comments


bottom of page