Search
Изложба на цртежи-маски по повод Денот на шегата во Кавадарци
Изложба на цртежи-маски по повод Денот на шегата беше отворена денеска во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци. Ликовните творби претставени на изложбата, се изработени од ученици од кавадаречките основни училишта.
Директорката на Домот, Јулијана Туриманџова, која соопшти кои се најдобрите ликовни творби, рече дека во услови на пандемија од коронавирус и со почитување на превентивните мерки, сакаат да внесат барем малку ведрина.
За самите дела, говореше ликовниот уметник и педагог Горан Боев, а пред присутните се обрати и ликовниот уметник Владимир Темков.
Comments