Изложбa „Продукција во криза“ на Игор Станоески
06.05.2021 Maj Cetvrtok
Во КИЦ – Скопје, Изложбен салон – Империјал 2, од денеска до 18 мај ќе биде отворена изложбата на слики „Продукција во криза“ на Игор Станоески.
На изложбата ќе бидат изложени 20 дела работени во техника акрилик на платно, создадени во 2020 година.
Игор Станоески завршил Средно училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ – Скопје во 2004 година. Дипломира на Факултетот за Ликовни Уметности – Скопје , во класата на проф. Жарко Башески во 2013 година. По дипломирањето работи паралелно на уметнички истражувања во насока на спојување на класичните медиуми во мултимедијална целина која опфаќа звук (музика) , форма (скулптура) , цртеж и боја.
Првите интернационални референци ги добива во сферата на музиката и аудио-визуелните проекти, меѓутоа подоцна акцентот на неговото творештво се доближува кон традиционалните ликовни медиуми како сликарството и вајарството низ повеќе самостојни и групни изложби во земјава и надвор. Во 2017 година го официјализира своето творештво отворајќи ја фирмата „Креативна работилница ИГИМЕН“ со дејности, создавање и издавање на аудио записи и креирање на уметничко творештво.
Од 2016 до 2019 година реслизирал четири самостојни изложби во земјава и Германија. Од 2012 – 2017 год. учествувал на неколку групни изложби во Македонија.
Извор: МИА
Comments