top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изведба на вокално-инструменталното дело „Стабат Матер“ по повод Велигден

Национална опера и балет најавува

По повод големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, на официјалниот јутуб канал на Националната опера и балет и на „ТВ 24“ в недела (2 мај), со почеток во 17.45 ч. премиерно ќе биде прикажано возвишеното вокално-инструментално дело на Џовани Батиста Перголези – „Стабат Матер“.

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Бисера Чадловска, режисер е Дејан Прошев, а концерт-мајстор Климент Тодороски.

Настапуваат солистите Катерина Стојановска – сопран, Ирена Кавкалевска – мецосопран, Ивана Коцевска – балетски солист, Оркестарот и Хорот на НОБ. Хор мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, светло мајстор Милчо Александров, а корепетитор Јанинка Невчева.

Користена е дел од сценографијата од оперската претстава „Тоска“- продукција на Националната опера и балет.

Инспициенти се Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски.

„Стабат Матер“ е возвишено вокално-инструментално дело, христијанска химна на Дева Марија од 13-от век, која го прикажува нејзиното страдање како мајка на Исус Христос за време на распетието.


1 view

Comments


bottom of page