Зак Снајдер изгубил волја да се бори за својата верзија на Justice League по смртта на ќерката
23.02.2021 februari vtornik Во разговор со „Венити феар“ режисерот Зак Снајдер открива дека ја изгубил волјата да се бори за својата верзија на филмот „Лига на правдата“. 54-годишниот режисер го напушти оригиналниот филм по смртта на својата ќерка и беше заменет со Џос Ведон. Тој признава дека по смртта на Есен, не сметал дека е правилно да продолжи. Зборувајќи за причината за напуштање на франшизата, тој рече: „Ние едноставно ја изгубивме волјата да останеме во таа борба на многу начини. Сите ние, целото семејство, сме скршени од губењето на Есен“. Снајдер сега ја објавува својата верзија на филмот „Лигата на правдата на Зак Снајдер“за „Ејч-би-о макс“, но признава дека не можел да го направи тоа на начин на којшто тоа го сторил Ведон. „Лигата на правдата“ на Снајдер ќе биде четиричасовен филм, а не серија како што беше претходно планирано.
Comments