top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Завршува 20. „Синедејс“: Наградата „Златна ѕвезда“ за филмот „Улиште“

22.07.2021 Juli Cetvrtok

Со доделувањето на наградите на јубилејниот 20. Меѓународен фестивал за европски филм „Синедејс“ е затворена официјалната конкуренција на фестивалот кој завршува денеска.

Натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше жири комисијата во состав, Славко Собин – актер, Зејнеп Атакан – продуцентка и Марисела Росети одговорна за LUX Award (Лукс награда).

Притоа, жирито одлучи да ги додели следниве награди: во официјална селекција, награда „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби „Улиште“ (HIVE), во режија на Блерта Башоли. „Прекрасен филм и воодушевувачки начин на кој една вистинита приказна беше трансформирана на големо платно, со брилијантна, многу природна и лежерна глума“, посочи жирито во образложението.

Во „SEE програмата“, награда „Златно сонце“ за најдобар филм, пак, доби „Мир и хрмонија“ (It’s all about peace and harmony) од Несими Јетик, за кој жирито истакна: „Многу моќен женски филм, што е навистина пријатно да се погледне во овие времиња. Партнерството помеѓу трите актерки е нешто што толку ретко се гледа, изведено е со толку различна динамика, знаете – љубов и омраза и конфликт.“

Вечерва (22 јули) на програмата на „Синедејс“, со почеток од 20:30 на POP UP локацијата кај езерце Градски парк ќе можат да се погледнат кратките македонски филмови: Deaflands, Farmer’s Blues, Прашливи Цвеќиња, Експертот, Afterparty, PAWLAW, Паразит, Влакна, Letting Go, Карантин, Ритамот на падот, Валцер за 1. мај, Тhe New Beginning. Исто така, во 20:30 почнува и програмата на врв на Водно, каде ќе може да се погледне последниот дел од Еко програмата, селекција на Ехо фестивал на планински филм: „On Thin Ice“, во режија на Henry M. Mix и „Mountain, Priest, Son“, во режија на John Seddon и Vaibhav Kaul. По двете проекции, во 22 часот следува и филмот „Уште една тура“ на Томас Винтерберг.


2 views

Kommentarer


bottom of page