Search
За светската титула ќе играат Карлсен и Непомнијашчи
ШАХ
Јан Непомнијашчи (Русија) ќе го предизвика светскиот првак Магнус Карлсен (Норвешка) во дуелот за титулата светски шаховски првак. Рускиот велемајстор е победник на Турнирот на кандидатите што се играше во Екатеринбург и на кој настапија осуммина шахисти. Турнирот почна во март 2020 година, но беше прекинат по седмото коло поради пандемијата на коронавирусот и продолжи да се игра од 19 април годинава. По 14 кола, Непомнијашчи освои 8,5 поени, второто место на турнирот го освои Французинот Максим Вашиер-Лаграв со осум поени, трет е Холанѓанецот Аниш Гири со 7,5, колку што има и Американецот Фабиано Каруана итн. Дуелот за светски првак, во 14 партии, треба да се одржи од 24 ноември до 16 декември годинава во Дубаи.
Comments