За легендарната македонска музичка икона годините се само бројка – Зорица Поп Панкова го прослави св
12.02.2021 februari petok
Што се 65 години за некој кој е дама во вистинска смисла на зборот. Тоа е само цифра како и секоја друга бројка. А, дамата е таа Зорица Поп Панкова (екс-Милосављевиќ) поранешна голема македонска музичка ѕвезда, а која остана да трае на ѕвезденото небо и до денес.
Зорица Поп Панкова, пејачка со божествен глас, со препознатлива харизма, личност која во комуникацијата лесно ќе ве освои. Таа вчера го прослави својот роденден и доби грст искрени честитки од роднините, семејството, но и од колегите кои не ја забораваат. На сите им се заблагодари со една прекрасна своја песна, со песната “Сребрена месечина“ која Зоре маестрално ја испеа на “Макфестовскиот фестивал“.
За тортата ќе се стрпиме, поради ситуацијата со вирусот и забраната за прослави. За оние кои можеби не знаат (овие најмладите) Зорица е поранешна членка на поранешната популарна поп-група “Македонија“ со која жареше и палеше низ целата некогашна југословенска естрада. Потоа продолжи со соло кариера, редејќи се сами хитови: Каде си, Од масата падна чаша, Можеби, Диско пар….Таа е мажена, има две ќерки Марина (нашата позната артистка) и Даниела, со внуците Марко на Марина и Давид на Даниела. Дуле М. фото:ФБ
コメント