Жешка глетка среде зима: Алесандра Амброзио е сирена во бикини
04.02.2021 februari cetvrtok Таа е исклучителна жена со неверојатна енергија, која, едноставно, зрачи во секоја своја појава. Алесандра Амброзио ужива на песочните плажи на Флоријанополис во родниот Бразил по прославувањето на двегодишнината на сопствениот бренд костими за капење „ГАЛ Флорипа“. 39-годишниот супермодел вџашува со својата беспрекорна сензуалност и ведар дух. Бразилката, позната по својата природна убавина, позира во дводелен костим за капење од сопствениот бренд, нејзината темнокафеава коса е собрана нагоре во неуредна пунџа додека ужива во водата. Алесандра во вторникот ја прослави втората годишнина на „ГАЛ Флорипа“ со својата мајка Лусинда, 12-годишната ќерка Ања, осумгодишниот син Ноа и сестра си Алин на плажа во Флоријанополис.
Comments