Ема Стоун елегантна на премиерата на „Круела“ во Холивуд
ЗАБАВАЕма Стоун елегантна на премиерата на „Круела“ во ХоливудОбјавено пред 4 часа - 19 мај, 2021Од Макфакс
Таа е sвезда на најновиот Дизни-филм „Круела“.
А во вторникот вечерта Ема Стоун се чинеше дека ужива во враќањето на црвениот тепих за светската премиера на филмот во Холивуд.
Актерката (32) изгледа беспрекорно во црн скроен костум со златни копчиња и брош.
Премиерата е прв настан од висок профил за Стоун откако таа стана мајка. Таа и сопругот Дејв Мекари добија ќерка во март, како што објави „Пипл“.
Дејствието на филмот приказна за познатата злобничка од филмовите „101 далматинец“ Круела де Вил, се одвива во Лондон во 70-тите години, а младата Естела де Вил (Ема Стоун) е амбициозна модна дизајнерка со панк-рок и авангарден личен стил. Филмот изобилува со многу интересни костими и стајлинзи, со потпис на британската костимографка оскаровка Џени Биван.
Komentarze