Search
Евросонг доби зелено светло за 3.500 луѓе во публика
Холандската влада ќе дозволи 3.500 фанови да присуствуваат на изборот на песна на Евровизија. Годишната музичка екстраваганција ќе се одржи во ротердамската арена „Ахој“ во мај по откажуавњето минатата година. Според планот, местото ќе било полуполно и на фановите ќе им треба негативен тест на Ковид-19 пред да им биде дозволен влез. Организаторите на Евровизија ја поздравија одлукатана холандската влада и рекоа дека „ќе ги разгледаат опциите што се сега достапни“. „Ќе објавиме повеќе детали во следните недели за тоа како можеме безбедно да ја примиме публиката во ‘Ахој’ во Ротердам доколку ситуацијата дозволи“.
Comments