top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Друштвото на писатели во Небрегово ќе ја одлбележи стогодишнината од раѓањето на Конески

Пред спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово, членови на Друштвото на писатели на Македонија, денеска ќе читаат стихови и ќе говорат во чест на овој великан на нашата книжевност.

Манифестацијата е сегмент од програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ по повод 100-годишнината од неговото раѓање, што се реализира под покровителство на претседателот на Републиката и со поддршка на Владата.

На средбата ќе настапат Глигор Стојковски, Веле Смилевски, Христо Петрески, Пајо Авировиќ, Јулијана Величковска, Владимир Мартиновски, Снежана Стојчевска, Мишел Павловски, Мерсиха Исмајлоска и Соња Стојменска-Елзесер.

Настанот ќе биде збогатен со музички настап на групата „Канарина и гитара“ (Петар Ренџов и Ивана Стојановска). Средбата ќе се одржи по протоколите за организирање културен настан во време на пандемија.


2 views

Comments


bottom of page