Доделени наградите на фестивалот за краток филм „Филмај“
Објавени се добитниците на наградите од конкурсот за Третиот меѓународен фестивал на краток филм „Филмај 2021“ – Куманово. Трочленото жири во состав: Лидија Мојсовска (режисер/ сценарист), Наум Доксевски (кинематограф) и Дејан Ангеловски (фотограф) одлучи да ги додели следниве награди:
– награда „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија за Азадех Мусави за режирање на филмот „The Visit“ (Иран).
– награда `Радислав Ристевски` за најдобра фотографија/кинематографија за Питер-Јан Класенс за неговата работа во филмот „Da Yie“ (Гана).
– награда „Козјак“ за најдобро сценарио за Али Асгари и Фарнуш Самади за филмот „Witness“ (Иран).
– награда за најдобар домашен (македонски) филм за „еонски срца“ (режија: Ана Јакимска).
Организаторот дополнително ќе ја објави листата со официјално одбраните филмови за прикажување на фестивалот.
Со оглед на моменталните безбедносни и здравствени услови, фестивалската вечер (првично замислена да се случи при крај на мај) е планирана да се случи во септември 2021.
Оваа одлука е заснована на искрена желба и страст на организаторот да овозможи потполно кино фестивалско искуство – со бројна публика присутна во проекциона сала.
Comments