Дејвид Бекам и „Дизни плус“ во заеднички проект „Спаси го нашиот тим“
Дејвид Бекам ќе биде ментор на млади фудбалери во нова серија за „Дизни плус“. Спортската sезда, која беше капитен на Англија и играше за клубови, меѓу кои „Манчестер јунајтед“ и „Реал Мадрид“, ќе се врати на терените во источен Лондон, каде што играше како дете. Неговата мисија е да им помогне на момците што се борат да преживеат во својата аматерска лига. Бекам изјави дека е многу среќен што го создава проектот „Спаси го нашиот тим“. „Да се осветли фудбалски терен на кој пораснав и кој ми даде многу на почетокот на мојот живот во играта е фантастично“, рече тој. „Имав среќа да имам долга и успешна кариера како играч и сега имам можност да се вратам тука како ментор на овие млади луѓе“. „Развивањето и негувањето млади таленти е многу важно во играта и одлично е да се работи со ‘Дизни плус’ на овој проект“.
Comentarios