top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Депардје под истрага за сексуално насилство

24.02.2021 februari sreda Против францускиот актер Жерар Депардје се води официјална истрага поради сомнение за силување и сексуално насилство, а истрагата започнала во декември минатата година, изјави судски извор за „Ројтерс“ во вторникот. Адвокат што го застапува 73-годишниот Депардје, еден од најплодните и најпознати актери во Франција, не одговори веднаш на барањето за коментар што го остави „Ројтерс“ во неговата канцеларија. Во 2019 година француските обвинители соопштија дека ја прекинале истрагата за обвинувањата за силување против Депардје, повикувајќи се на недоволно докази. Судскиот извор, кој инсистирал да остане анонимен, рекол дека Депардје бил ставен под формална истрага на 16 декември минатата година и дека тој не бил задржан во притвор и не било побарано да плати кауција. Изворот не дал повеќе детали за наводите. Во 2012 година актерот изјави дека ќе го врати францускиот пасош и ќе се пресели во куќата што ја купил во Белгија.Тој ја обвини тогашната администрација во Париз го дека го потиснува талентот со даноците што им ги наметнува на луѓето со високи приходи. Во 2013 година рускиот претседател Владимир Путин му додели руско државјанство на Депардје. Актерот го доби својот нов пасош лично од Путин во резиденцијата на рускиот лидер на брегот на Црното Море.



1 view

Comments


bottom of page