Ден на Блаже Конески во гимназијата „Никола Карев“
Во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, на 28 мај со почеток од 19 часот, ќе се одржи свечен настан „Ден на Блаже Конески“.
На свеченоста по повод „2021-Година во чест на Блаже Конески“, ќе зборува директорот Андреј Манолев и професорката Билјана Костова, која ќе се осврне на ликот и делото на Конески. Секретарот на фондацијата „Небрегово“, професор Атанас Конески, ќе зборува за значењето на фондацијата за достојно одбележување на големото дело на великанот Конески.
Професорите и учениците од гимназијата,пак, ќе реализираат богата уметничка програма, а посебен белег во уметничкиот дел има рециталот во кој ќе учествуваат ученици со песни од Конески. Свој придонес ќе дадат учениците со личните творби со кои учествуваа на конкурсот „Поетски пораки за Конески“, објавен од фондацијата „Небрегово“.
На учесниците во програмата ќе им биде доделена книгата од Т.Стаматоски „Македонски јазик: идентитет и континуитет“, како донација од „Култура“.
Comentarios