Search
Деми Ловато се враќа на телевизија со главна улога во нова комедија на Ен-би-си
26.01.2021 januari vtornik Деми Ловато се враќа на малите екрани на голема врата, со главна улога во нов проект на Ен-би-си, комедија под наслов Hungry. Доколку проектот се претвори во серија, тоа ќе биде прва редовна улога на 28-годишната пејачка и актерка откако го играше насловниот лик во Sonny with a Chance, која се прикажуваше од 2009 до 2011 година. Според порталот „Холивуд репортер“, проектот сè уште нема добиено нарачка за серија.
Comments