top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Де Бур почна да прави математики: Ќе ја победиме Македонија со 3-0, но можеби треба да загубиме од н

Селекцијата на Холандија е еден од нашите противници на престојното Европско првенство, репрезентација која дефинитивно ќе ја има фаворитската улога во групата во која се уште Австрија и Украина. Предводникот на „лалињата“, Франк Де Бур е убеден дека неговите избраници сигурно ќе ја минат првата фаза, па почна дури да ги типува натпреварите, но и да прави матеметики за тоа што е најдобро за Холаѓаните. -Верувам дека уште по првите два меча ќе обезбедиме пласман во осминафиналето. Ќе славиме над Украина со 3-1, потоа против Австрија со 2-1 и ќе обезбедиме виза за следната фаза, -рече Де Бур кој потоа што тоа ќе значи пред завршната средба со Македонија. -Нема да загубиме, ќе ја победиме Македонија со 3-0. Ама можеби ако сме први ќе не чека ривал од групата на смртта, Германија, Португалија и Франција. Ако пак сте трети добивате полесен противник, идеално би било да сте на втората позиција, -заклучи предводникот на Холандија.

1 view

Comments


bottom of page