Дасти Хил, басистот на „Зизи топ“, почина на 72-годишна возраст
Дасти Хил, басистот на американскиот блуз рок-бенд „Зизи топ“ (ZZ Top), почина на 72-годишна возраст.
Членовите на бендот Били Гибонс и Френк Берд соопштија дека Хил починал во сон во неговиот дом во Хјустон, Тексас. Тие не дадоа повеќе детали.
Претходно во јули бендот објави дека Хил нема да свири на претстојните настапи поради повреда на колкот.
Познат по својата бујна брада и очила за сонце, Хил свиреше со „Зизи топ“ повеќе од 50 години.
„Нам, заедно со легиите фанови на „Зизи топ“ низ светот, ќе ни недостига твоето непоколебливо присуство, твојата добра природа и постојаната посветеност кон нашиот бенд“, напишаа Гибонс и Берд во соопштението.
„Ќе недостасуваш многу, амиго.“
„Зизи топ“ е формиран во 1969 година, а следната година го одржа својот прв концерт во живо.
Comments