Search
Групна изложба „Одбиенале 2021“ – на одбиените уметници
- Aleksandar Santovski
- May 19, 2021
- 1 min read
Љубителите на уметноста вечер во 20 часот во Јавна соба ќе имаат можност да ги погледнат делата на петнаесетте млади македонски уметници кои беа одбиени на конкурсот за тринаесетотто Биенале на млади уметници.
Уметниците чиишто дела биле одбиени од жири комисијата на официјалниот париски „Салон“ ќе го следат примерот на францускиот „Салон на одбиените“ што во далечната 1863 година бил организиран под покровителство на Наполеон III.
Организаторите на изложбата „Одбиенале 2021“ сакаат да ја потенцираат потребата од алтернативни „неофицијални“ изложби, со цел јавноста да даде оценка за изложените дела.
Изоложбата ја организира МСУ, Скопје.

Comments