Search
„Големиот Гетсби“ оди на Бродвеј
Легендарниот роман на Френсис Скот Фицџералд – „Големиот Гетсби“ (The Great Gatsby) ќе добие своја театарска верзија како мјузикл. Музиката ја пишува британската пејачка Флоренс Вел – предводничка на рок-групата „Флоренс + машин“.
==– Таа книга ме прогонуваше многу во мојот живот… А, мјузиклите се мојата прва љубов!, изјави Велч.
Таа ќе ги пишува нотите и стиховите заедно со Томас Бартлет со кого соработуваше во врска со ТВ-серијата „Игра на престоли“.
Пишувањето на мјузиклот е овозможено со тоа што „Големиот Гетсби“ стана јавно добро оваа година. Мјузиклот треба да биде поставен на „Бродвеј“, каде што приказната не е поставена уште од времето на онаа во режија на Џорџ Кукор, 1926 година. Книгата ќе биде прилагодена за сцената од Мартина Мејџок, а режијата ја презема Ребека Фрекнал.
Сè уште не е објавен датумот на премиерата.
Извор: МИА
Comments