top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Голем билборд со ликот на Чајковски се појави на „Тајм сквер“

05.01.2021 Јануари Вторник

Голем билборд со ликот на Петар Илич Чајковски се појави на „Тајм сквер“ во Њујорк. Музичкиот сервис „Спотифај“ објасни дека Чајковски е најпопуларниот руски композитор надвор од границите на Русија, чии композиции ги слушаат 2,8 милиони клиенти на таа компанија секој месец.

– Кога станува збор за зимската магија и она што е безвременско, балетот „Оревокршачка“ често зазема централно место – наведува музичкиот сервис. „Спотифај“ објави дека композициите од „Оревокршачка“, „Танцот на самовилата“ и „Валцерот од снегулките“ се особено популарни меѓу нивните клиенти.

– Чајковски како автор на „Оревокршачка“ и на „Лебедово езеро“ е најпопуларниот руски композитор меѓу корисниците на „Спотифај“ надвор од границите на Русија. Неговата месечна публика е околу 2,8 милиони луѓе во светот – се наведува во соопштението.

Повеќе од 100 плејлисти со композиции на Чајковски се достапни на услугата.

– Подготвивме специјална плејлиста „Ова е Чајковски“ на која се претставени некои од неговите најпопуларни композиции. „Спотифај“ ја објави насловната страница на плејлистата на билборд на најпознатиот плоштад во Њујорк -изјавија од компанијата.


1 view

Commentaires


bottom of page