top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Германија со пет тима во трката за трофеите

12.04.2021 April Ponedelnik

РАКОМЕТ – ЕВРОПСКИ КУПОВИ

Со пласманот на пет германски тима во четвртфиналните фази на двете најсилни европски клупски натпреварувања, Лигата на шампиони (ЛШ) и новоформираната Лига на Европа (ЛЕ), германските екипи покажаа дека Бундес-лигата е најсилната лига во ракометна Европа. Актуелниот европски првак Кил и германскиот вицепрвак Фленсбург ќе играат во четврт-финалето на ЛШ, а Магдебург, Левен и Фуксе Берлин се тимовите што доминираа и во групната фаза и осминафиналето во ЛЕ. Германија ја почна сезоната со пет тима. Според бројот на учесници во четврт-финалето во двете најсилни клупски европски натпреварувања, втора по силина е француската лига, која во двете конкуренции партиципира со три екипи, и тоа ПСЖ и Нант во ЛШ и Монпелје во ЛЕ.

Со три тима е застапена и Скандинавија, и тоа два од Данска, Алборг во ЛШ, како и ГОГ во ЛЕ, и еден од Шведска, Кристијанстад во ЛЕ. Со по еден претставник во четврт-финалето во ЛШ се застапени Шпанија (Барселона), Унгарија (Веспрем) и Белорусија (Мешков), а во ЛЕ по еден претставник имаат Русија (Чеховски медведи) и Полска (Висла). Германија доминира и статистички, според бројот на досега освоени титули во двете најсилни клупски натпреварувања ЛШ и ЛЕ (претходно ЕХФ-куп). Од 1956-та, откако е востановена ЛШ, германските тимови имаат освоено 20 шампионски титули, а од нив пет има Гумерзбах, четири Кил, три се во сопственост на Магдебург… Втора е Шпанија со 15 титули, од кои девет на ракометниот гигант Барселона итн. Од 38 досега одиграни сезони во Купот на ЕХФ (сега ЛЕ), 24 сезони завршиле со титула на германските тимови, пет трофеи имаат Шпанците…


1 view

Comments


bottom of page