top of page

Германија по ЕП ќе добие нов селектор

ФУДБАЛ

Јоаким Лев ќе се повлече од функцијата фудбалски селектор на Германија по Европското првенство (ЕП) летово. Лев (61) е селектор на германската репрезентација од 2006 година, кога го замени Јирген Клинсман. Тој има договор со Германската фудбалска асоцијација до Светското првенство (СП) во 2022 година, но сака порано да се повлече. Репрезентациите на Македонија и на Германија се во иста група во квалификациите за СП 2022. – Го преземам овој чекор многу свесно, полн со гордост и со огромна благодарност. Горд сум затоа што за мене е чест да бидам дел од репрезентацијата, но и среќен сум што можев да работам со најдобрите фудбалери во земјата и да им помогнам во нивниот развој – вели Лев. По титулата на СП 2014, Лев ја предводеше Германија до полуфиналето на ЕП 2016 во кое беа победени од домаќинот Франција, а на СП 2018 не ја помина групната фаза.


 
 
 

Comments


bottom of page