top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Гвинет Палтроу ќе биде велнес-советник на џиновски брод за крстарење

Гвинет Палтроу стана вешта во продажба на сè, од најважни парчиња облека до секс-играчки и свеќи што мирисаат на вагини. А сега актерката и претприемач додава нова професија во својата „Гуп“ биографија, велнес-гуру на крстаречки брод. Гвинет (48) преку „Инстаграм“ во средата објави дека се здружила со компанијата Celebrity Cruises, која организира крстарења за славните, и тие работат на проект што ќе биде претставен со нивниот нов брод „Селебрити бијонд“ в година. Споделувајќи своја фотографија на плажа, Палтроу напиша: „Јас сум најсреќна покрај, во или на море! Во 2022 година јас и мојот тим @goop ќе им се придружиме на @celebritycruises на нивниот нов брод Celebrity Beyond“. Таа објасни: „Ќе бидам зад сцената, ќе работам на некои специјални проекти како нов советник на добросостојба. Мојот тим од Goop подготвува програми за велнес-приврзаници и фитнес-опрема за нови искуства и доживувања на славните. Не смеам да откријам повеќе“.





3 views

Commentaires


bottom of page