top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Второто дете на принцот Хари и Меган ќе биде обединувач на кралското семејство, тврди експерт

Најмал медијатор! Кралскиот експерт Ник Булен смета дека доаѓањето на ќерката на принцот Хари и Меган Маркл ќе помогне да се обедини кралското семејство по нивната неодамнешна драма. „Раѓањето бебе е секогаш одличен обединувач за едно семејство и сигурен сум дека сите страни на семејството Сасекс ќе сакаат да слават со Хари и Меган “, изјави главниот уредник и основач на True Royalty TV во екслузивно интервју за „Ју-ес викли“. „Можете да бидете апсолутно сигурни дека Хари и Меган веднаш ќе скокнат на зум-повик за нејзиното височество кралицата да го запознае своето 11. правнуче.“ Војводата и војвотката од Сасекс (36 и 39) веќе се родители на синот Арчи (2). Парот во февруари објави дека го чека своето второ дете. Еден месец подоцна, тие го споделија полот на бебето во интервју за „Си-би-ес“, откривајќи дека нивната ќерка треба да се роди ова лето.



2 views

Comments


bottom of page