Search
„Ворнер брос“ планира аниме филм во серијалот „Господарот на прстените“
Филмското студио „Браќата Ворнер“ ќе продуцира аниме игран филм сместен во светот на популарните книги на трилогијата „Господарот на прстените“, соопшти студиото во четвртокот. „Господарот на прстените: Војната на Рохирим“ ќе ја раскаже приказната за легендарната битка што го обликуваше Меѓуземјето во годините пред настаните во филмот „Господарот на прстените“ од 2001 година, се вели во соопштението од студиото. Новиот филм ќе ја истражува тврдината Хелмс Дип и ќе го прикаже кралот на Рохан, Хелм Хамерхенд.
Comments