top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во јули албумот „Welcome 2 America“ со необјавени песни на Принс

Пет години по смртта на легендарниот музичар Принс, дискографската куќа „Сони“ објави дека неговиот албум „Welcome 2 America“, кој се сметаше за загубен, ќе излезе на 30 јули годинава.

Носачот на звук е снимен во 2010 година, а е пронајден во студиото на поп-пејачот во Минеаполис. Наводно таму се наоѓаат голем број демо-снимки, незавршени песни и снимки од настапи во живо.

Се работи за 12 песни што ќе бидат објавени на винил и цеде. Албумот зборува за расните односи, политичката поделба и социјалната правда, а Принс за ова дело во 2010 година рече:

„Светот е исполнет со дезинформации. Ова е визијата на Џорџ Орвел. Треба да останеме цврсти во верата, во времето што доаѓа“.

Освен албумот, ќе биде објавен и неговиот концерт во Лос Анџелес од 2011 година.

Принс почина на 57 години на 21 април 2016 г.


1 view

Comments


bottom of page