top of page

Во Лешочкиот манастир отслужен помен парастос по повод 176 години од смртта на преродбеникот Кирил П

12.03.2021 mart petok

Во Лешочкиот манастир отслужен помен парастос по повод 176 години од смртта на преродбеникот Кирил Пејчиновиќ Тетоец

По повод 176 години од упокојувањето на преродбеникот и игумен на Лешочкиот манастир отец Кирил Пејчиновиќ Тетоец денеска беше отслужен помен парастос од страна на митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

„Митрополитот потсети на поуките и примерот кој игуменот Кирил ги има оставено, но и за нивната актуелност и денес“, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Директорот на Комисијата, Даријан Сотировски и годинава присуствуваше на поменот, изразувајќи ја длабоката почит кон ликот и делото на лешочкиот игумен Кирил, кој оставил длабока трага во националната преродба, но и духовното издигнување на македонскиот народ во полошкиот регион.

„Годинава се навршуваат и 250 години од раѓањето на овој значаен преродбеник, а по тој повод се планирани и повеќе настани за во летниот период кои ќе се реализираат во согласност со условите и протоколите за заштита од вирусот“, стои во соопштението.


 
 
 

Comments


bottom of page