top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во Глазгов „веројатно“ со гледачи на мечевите на ЕП

ФУДБАЛ

УЕФА им даде рок на градовите-домаќини до среда да ја известат на колкав процент гледачи ќе им биде дозволено да присуствуваат на мечевите во услови на ограничувања поради ковид-19 низ целиот континент Националниот клинички директор на Шкотска, Џејсон Лич, е уверен дека на стадионот „Хемпден парк“ во Глазгов ќе може да има гледачи на четирите меча на Европското првенство (ЕП) годинава, објави агенцијата „Франс прес“ (АФП). Глазгов е еден од 12-те града што треба да бидат домаќини на турнирот што беше одложен за 12 месеци поради пандемијата на коронавирусот. Европската фудбалска унија (УЕФА) им даде рок на домаќините до среда да ја известат на колкав процент гледачи ќе им биде дозволено да присуствуваат на натпреварите во услови на ограничувања поради ковид-19 низ целиот континент. Во Шкотска, од март 2020 година, освен на некои помали пробни настани, не е дозволено присуство на публика на стадионите.

Репрезентацијата на Шкотска на „Хампден парк“ треба да одигра два натпревара во групата, со Чешка и со Хрватска, на нивниот прв голем меѓународен турнир во претходните 23 години. Хрватска и Чешка, исто така, треба да играат на „Хемпден парк“. – Постојат повеќе сценарија на кои работат УЕФА, Шкотската фудбалска асоцијација и Владата. Без публика, до половина исполнети трибини или дури и повеќе од тоа. Но мислам дека најверојатната опција е некаде меѓу тие две крајности – изјави Лич за „Би-би-си Шкотска“. Според најавите на британската влада во врска со мерките поврзани со ковид-19, на англиските стадиони од 17 мај ќе може да има до 10.000 гледачи, со ограничувања за секакви физички контакти што треба да биде укинато на 21 јуни. Тоа може да значи полн стадион „Вембли“ на последниот меч на Англија во групата на ЕП, со Хрватска, на 22 јуни. „Вембли“, исто така, ќе биде домаќин на едно осминафинале, на двете полуфиналиња и на финалето, на 11 јули. – Мислам дека со почитување на ограничувања на „Хемпден парк“ и на другите стадиони во Велика Британија ќе имаме публика во јуни, со ограничувања и со дистанцирања – вели Лич.


1 view

Comments


bottom of page