Вклучен црвен аларм во Мелбурн: Поради позитивен тест, 600 тенисери испратени во изолација (Фото)
03.02.2021 februari sreda
По комплетирањето на денешната програма на сите подготвителни турнири кои се играат во округот на Мелбурн, пристигна една информација која ги разочара сите љубители на тенисот, а воедно го доведе во прашање натамошниот нормален тек на натпреварувачките денови.
Почетокот на Австралија Опен е закажан за 8-ми февруари, а на пет дена пред стартот на првиот грен слем во годината, се вклучи црвениот аларм во хотелот во кој престојуваат најголем дел од тенисерите кои овие денови играат на различни турнири во Мелбурн.
Еден вработен во хотелот Гранд Хијат добил позитивен тест на Ковид 19 откако пријавил симптоми за вирус, поради што сега во изолација заминуваат дури 600 лица, од кои добар дел се тенисери и нивни најблиски соработници.
Организаторите на Австралија Опен соопштија дека за утре се откажуваат сите активности кои беа закажани и суспендиран е цел натпреварувачки ден на сите турнири, бидејќи сите тенисери и останати лица заминуваат во изолација, пред да бидат тестирани.
Доколку добијат негативен тест, тоа ќе значи продолжување на подготовките за Австралија Опен, додека ако има позитивни кај тенисерите, тоа за нив ќе значи предвремен крај на настапите на Австралија Опен.
Comments