(Видео) Џеј Ло го искористи моментот среде пеење на инаугурацијата да се обрати на шпански јазик
20.01.2021 ЈАНУАРИ ЧЕТВРТОК Џенифер Лопез на инаугурацијата на Џо Бајден ги изведе песните This Land Is Your Land и America the Beautiful, а покрај тоа што го вметна стихот на својата песна Let’s get loud („Ајде да станеме гласни“), Џеј Ло се обрати на шпански јазик. „Една неразделна нација пред Бога, со слобода и правда за сите“, рече Џенифер на шпански јазик. Реченицата е дел од Заклетвата на знамето на САД и се изговара на настани и во одредени образовни институции во Америка. Истата реченица ја изговори Лејди Гага во 2017 година кога пееше во финалето на Супер боул. Нејзиниот настап предизвика разни емоции, па некои нејзината изведба ја сметаа за смешна, други се срамеле да ја гледаат, некои ја обвинија за самопромовирање, а имаше и такви што сметаа дека зад сето тоа стои политичка порака наменета за Латиноамериканците што живеат во САД.
Comments