top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Џеки Чен ја шокира публиката – едвај се движи

04.01.2021 Јануари Понеделник Акционата суперѕвезда Џеки Чен изгледаше прилично лошо на неодамнешниот новогодишен настан поради рецидив на повреда на лумбалниот крст. Облечен во сиви тренирки, 66-годишниот актер од Хонгконг мораше да се потпира на рамената на две лица додека влегуваше на специјална проекција на анимираниот филм Wish Dragon.(Змејот на желби) Неговото изненадно појавување, како и неговите бавни и макотрпни движења, ја шокираа публиката на настанот во Пекинг. Иако не можеше да стои долго, тој беше видно воодушевен дека е таму за да ги поздрави присутните деца. Познат по тоа што не користеше двојници каскадери при снимање на опасни сцени во неговата повеќедецениска кариера, кунг-фу симболот Џеки Чен претрпел стотици повреди при снимање. Најсериозната и опасна по живот повреда на Чен се случи во „Armour Of God“ (1986), кога тој падна право на грб додека скокаше од карпа на дрво. Од ударот му се забило парче коска во мозокот, предизвикувајќи обилно крварење од увото. За среќа, во неговиот последен филм нема никакво паѓање. Имено, тој го позајми својот глас за змејот што исполнува желби (Wish Dragon), кинеско-американски проект, а исто така е и еден од неговите продуценти. Ова се некои од најопасните сцени кои ги снимал без дублери:




2 views

Comments


bottom of page