top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Хопкинс влезе во историјата на „Оскарите“, најстар оскаровец досега

Триесет години по „Оскарот“ за улогата на Ханибал Лектор во трилерот „Кога јагнињата ќе стивнат“, сер Ентони Хопкинс ја доби втората статуетка за најдобра главна машка улога – за улогата во „Таткото“. Хопкинс со тоа стана најстариот оскаровец на 83-годишна возраст. Ентони Хопкинс ја доби наградата за најдобар актер за маестралната улога на човек што страда од деменција во филмот „Таткото“. Неговата победа беше најголемото изненадување на церемонијата. Се очекуваше Чадвик Бозман, кој почина на 43-годишна возраст минатиот август, да го освои „Оскарот“ за најдобра машка улога во филмот „Црното дно на Ма Рајни“. Можеби беше изненадување за самиот Хопкинс, кој не беше ниту во Лос Анџелес ниту во Британскиот филмски институт во Лондон, каде што церемонијата беше следена во Велика Британија. Се верува дека актерот бил во родниот Велс и немало можност тој да се појави преку апликацијата „Зум“. Филмот „Таткото“ ја доби и наградата за најдобро адаптирано сценарио – сер Кристофер Хамптон и Флоријан Зелер. Тие го нарекоа Хопкинс најголемиот жив актер.



1 view

Comments


bottom of page