top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Харисон Форд во дипфејк-видео го заменува Даниел Крег како 007

13.01.2021 Јануари Среда Ново дипфејк-видео или совршено лажно видео кое го заменува Даниел Крејг со Харисон Форд во улога на Џејмс Бонд е уверлив доказ дека помлад Форд требаше да биде 007. Откако Шон Конери, Џорџ Лазенби, Роџер Мур, Тимоти Далтон и Пирс Броснан ги испробаа своите актерски вештини во улогата на култниот таен агент, улогата на Бонд во 2006 година му припадна на Крејг, кој во „Ројал казино“ го заживеа серијалот и на ликот му донесе острина, жестокост и емоционален интензитет, кои никогаш порано не беа видени. Актерот беше целосно прифатен како Бонд и продолжи да го игра ликот повторно во Quantum of Solace, Skyfall и Spectre. Во 2021 година Крејг се враќа со неговиот последен настап како Бонд во „Не е време за умирање“, кој ветува дека ќе ги поврзе сите приказни што се појавија во последните неколку филмови. Дипфејк-технологијата подразбира дигитално уредување, монтирање и фотомонтирање снимки. На крајот се добива „совршено реално“ лажно видео и не може да се препознае дали стаува збор за вистинска или лажна видеосодржина.



1 view

コメント


bottom of page